Печени њоки со моцарела - Reporter.mk

Печени њоки со моцарела – Reporter.mk

пред 3 месеци

Состојки:

1 лажица маслиново масло
1 мал кромид
2 чешниња лук
400 гр излупени домати
500 гр њоки
1 лажичка сушен босилек
125 гр моцарела
Сол, бибер

Подготовка:

Загрејте го маслото во голема тава и испржете го исецканиот кромид пет минути. Измешајте го мелениот лук, пржете го една минута, а потоа додадете го излупениот домат и изгмечете го со дрвена лажица. Гответе околу десет минути и мешајте повремено. Гответе ги њоките според упатствата на пакувањето и измешајте ги во сосот. Зачинете со сол и бибер, додадете босилек и префрлете го во голем огноотпорен сад. Наредете ги парчињата моцарела и печете до десет минути на 200 степени, додека не се стопи сирењето и не почнат да се формираат меурчиња. Послужете ги топли.

Share

GoGoAnime gogoanime mobile: Watch My Hero Academia 2 Episode 2 (https://gogoanime.be/m/4DjN/ep-2)

AniWatch anime stream: Log Horizon: Destruction of the Round Table Episode 12

Scroll to Top