Пејачот на „Вонтед“ има тумор на мозокот: „Ќе се борам до крај“

Пејачот на „Вонтед“ има тумор на мозокот: „Ќе се борам до крај“

пред 5 месеци

Англискиот пејач и член на групата „Вонтед“, 32-годишниот Том Паркер, откри дека му е дијагностициран тумор на мозокот кој не може да се оперира и отстрани, но вели дека ќе се бори до крај. Тој на „Инстаграм“ напиша дека веќе почнал со терапија, но дека прогнозите на лекарите не се добри.

„Знаев дека нешто не е во ред, но не го очекував ова. Сите сме апсолутно скршени, но ќе се бориме против ова до крај“ напиша печајот на фотографијата на која позира со синот и бремената сопруга.

„Не ја сакаме вашата тага туку само љубов и позитивност, и заедно ќе ја подигнеме свеста за оваа страшна болест и ќе ги побараме сите достапни можности за лекување. Ќе биде тешка битка, но со сечија љубов и поддршка ќе го победиме ова“, напиша.

Тој додаде и дека лицата со тумор на мозокот во таа фаза може да живеат уште година до година и пол. Причината за појавата на оваа болест е непозната.

Share

Watch Hunter x Hunter (Dub) Episode 53 (https://kissanimeonline.com/m/4zLV/ep-53) at website https://kissanimeonline.com. See more kissanime bleach

Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime OAD Episode 4 (https://funimationfree.com/m/8zqy/ep-4) at website https://funimationfree.com dragon ball super english dub funimation

Scroll to Top