Полицијата ја прекина истрагата за сообраќајката на Ен Хеч

Полицијата ја прекина истрагата за сообраќајката на Ен Хеч

пред 2 години

Актерката Ен Хеч почина во петокот од последиците на сообраќајна несреќа. Полицискиот оддел во Лос Анџелес рече дека истрагата за несреќата нема да продолжи:

dobivaj vesti na viber

„Истрагата за сообраќајната несреќа на 5 август во Калифорнија во која актерката Ен Хеч се здоби со кобни повреди ќе биде затворена по веста дека актерката починала. Од денеска нема да има дополнителни истражни напори за овој случај. Какви било информации или евиденцијата која од надлежните органи побарани пред овој пресврт ќе продолжи да се собира и формално ќе се додаде во предметот“.

Ен под дејство на психоактивни супстанци со својот автомобил влегла во гаража на двокатна куќа, која ѝ припаѓа на Џенифер Дуранд, но била изнајмена од жена по име Мишел.

По судирот избувнал пожар кој ги зафатил куќата и возилото во кое била актерката, а во кој биле уништени предметите на споменатата жена.

Share
Scroll to Top