Поради малите и скапи станови, во Шпанија има многу жаришта со корона

Поради малите и скапи станови, во Шпанија има многу жаришта со корона

пред 1 година

„Еуростарт“ процнува дека просечно шпанско семејство со две деца, заработува во просек околу 20.000 евра помалку, отколку исто такво семејство во Германија.

Како што пишува списанието за домување „Магазин“, шпанското семејство плаќа нешто помала станарина отколку германското.Пабло Керда, кој пристигнал од Чиле во Мадрид, вели дека изнајмил стан во квартот Валесас, каде најголем дел живеат работници.

Во овој дел киријата е многу мала, вели Пабло.„Условите за живот ги менуваат луѓето, особено во доба на пандемијата“, вели тој, а пренесува „Дојче веле“. Забраните во Шпанија и сега и претходно биле премногу строги. И покрај тоа, во земјата има голем број на новозаразени, затоа што таквите густо населени квартови, брзо се претвораат во жаришта.

Таму има многу мал број на луѓе, кои можат да си дозволат да работат дома, пред компјутер. Тоа се луѓе кои работат физичка работа, негователки, конобари и чистачи. Многумина од нив работат на црно, па не можат да си дозволат да одат на лекар, ниту да се тестираат.

Ако останат дома, по правило во еден стан има голем број лица, пишува „Дојче Веле“. Дополнителен пробле, особено во атрактивните градови на Шпанија, се становите кои се изнајмуваат на туристите.

Владата на Каталонија, по тоа прашање воведе драстични мерки. Само во Барселона, каде доаѓаат околу 30 милиони туристи, има воведено строго ограничување на бројот на станови, кои можат да се издадат на туристите.

Сега покраинската влада воведе и ограничување на зголемувањето на станарината. Покрај овие мерки и Во Барселона останува тешко да се дојде до стан.

Становите во Шпанија се скапи, а животот е подеднакво скап како и во Германија, покажуваат податоците на „Еуростат“, статистичките служби на Европската унија. Затоа повеќето луѓе имаат пари за мали станови, а поради скапото земјиште, се градат огромни стамбени згради.

И на самите Шпанци не им е јасно, зошто во земја која е на самото дно по густина на население, се гради во ширина. Експертите велат дека одговорот е во преселбата. Голем број на луѓе во Шпанија, кои живеат во руралните предели, заминуваат да живеат во градовите, пишува „Дојче веле“.

Шпанскиот филмски композитор, Мануел Вилјалта, има своја теорија.

„Ние се концентрираме и сакаме гужви. Да се има куќа како мене, тоа е исклучок во Шпанија. Сега во пандемијата живеам сам и сум среќен што живеам на село. Но, тоа си има и своја цена. Шпанија има околу 300 болнички кревети на 100.000 жители. Германија има околу 800. Речиси сите тие постели се во големите градови, како што се Мадрид, Барселона, Билбао, но не и во Сијера, каде живеа јас“, вели Мануел.

Многумина се пред предизвикот да изберат дали сакаат да живеат во гужва и мали и скапи станови, но истовремено да го изберат и ризикот да се заразат од корона, или да одберат простран предел, без лекари.

Чилеанецот Керда утехата е во тоа што во Мадрид барем има некаква предност, кога станува збор за лекарите.

 

 

Share
Scroll to Top