Поради мал дефект Тесла повлече повеќе од милион автомобили

Поради мал дефект Тесла повлече повеќе од милион автомобили

пред 2 години

Поради мал дефект, од компанијата на Илон Маск, „Тесла“, повлече повеќе од милион автомобили од продажба во Кина. Истиот може да биде од голем ризик за возачите. велат од компанијата која планира да изврши прилагодување или да додаде некои функции за известување на возачите во истите.

„Тесла“ ќе повлече повеќе од 1,1 милион автомобили во Кина, соопшти главниот регулатор во земјата. Почнувајќи од 29 мај, американската компанија ќе превземе 1.104.622 произведени автомобили во периодот од 12 јануари 2019 година, до 24 април 2023 година, соопштија од Државната управа за регулирање на пазарот. Тие се повикаа на планот кој „Тесла“ го поднел до регулаторот.

Моделите кои ќе бидат повлечени се Model S, Model X, Model 3 и кинеските Model 3 и Model 6. Во прашање се автомобили кои имаат проблем кој може да ја зголеми веројатноста дека возачите по грешка ќе нагазат на педалата за гас подолго време, што би можело да предизвика ризик за судар и да претставува опасност по безбедноста, е наведено во соопштението.

Компанијата планира да изврши прилагодување или да додаде функции на известување во повлечените автомобили, со цел да се намали овој ризик. „Тесла“ во март повлече повеќе од 2.600 увезени автомобили од Model S во Кина, откако беше откриено дека хаубата на истите може неочекувано да се отвори за време на возењето, што претставува ризик по безбедноста на истите и другите околу нив.

 

Share
Scroll to Top