Поранешниот словенечки претседател го продава својот олдтајмер „рено 4“ за децата што се борат против ракот

Поранешниот словенечки претседател го продава својот олдтајмер „рено 4“ за децата што се борат против ракот

пред 1 година

Поранешниот словенечки претседател Борут Пахор преку Твитер објави дека го продава неговиот автомобил Рено 4 од 1991 година.

Тој на објавата наведе дека парите што ќе ги заработи од продажбата ќе ги донира за деца кои се борат против ракот.

Пахор најави дека повеќе детали ќе бидат соопштени во наредните денови, а сега сподели и видео од својот автомобил.

Пред неколку дена Пахор на Инстаграм се пофали дека неговиот Рено 4 и официјално станал олдтајмер.

„Процесот на сертификација воопшто не е толку едноставен, што е добро, олдтајмерите го заслужуваат тоа“, рече тој, откривајќи дека неговиот автомобил ги импресионирал вработените во МОТ.

Share
Scroll to Top