Порано бев многу љубоморна: Слобода Миќаловиќ за бракот со Војин Ќетковиќ

Порано бев многу љубоморна: Слобода Миќаловиќ за бракот со Војин Ќетковиќ

пред 3 години

Актерката Слобода Миќаловиќ и нејзиниот сопруг и Војин Ќетковиќ важат за еден од најхармоничните парови на српската јавна сцена. Таа реши да проговори за оние помалку убави нешта во нивниот брак, за кои смета дека се составен дел од љубовната врска.

„Мислам дека никому не му е лесно да го одржува бракот, треба сериозно да инвестирате еден во друг, потребно е многу толеранција и разбирање. Имам среќа што Војин е десет години постар од мене и е многу помирен и потрпелив во однос на мене. Тој е оној кој често ја смирува ситуацијата. И кога живееш со цимер, се караш, а не пак кога си во брак. Нашиот е стабилен, воопшто не е здодевен, малку е напнат и возбудлив, и јас го сакам токму таков, затоа што да беше поинаков – ќе ми беше досадно. Кога двајца ќе се сретнат и ќе запловат во брак од љубов, а Бог ќе ги погледне како еден за друг, тогаш тоа оди многу полесно. Денес не е лесно да се преживее во ова лудило, во кое сите бркаме најосновна егзистенција. Многу е тешко да се заљубиш и да не бидеш уморен за сите тие работи, но со разбирањето од страна на брачниот другар станува многу полесно“, вели Слобода.

Таа додаа дека покрај големата љубов и разбирање, таа е сè уште љубоморна, иако многу помалку отколку на почетокот на бракот.

„Љубоморна сум, но во нормални граници. Кога бев помлада, тоа чувство беше посилно. Меѓутоа, со текот на времето сфатив дека тоа само ме вознемирува и ми предизвикува голема штета. Бидејќи татко ми е актер, мајка ми ми рече дека не е љубоморна затоа што знаела со кого се мажи. Тоа ми е всадено од мала и немам таков проблем. Имаше ситуации кога гледав дека Војин ѝ се допаѓа на некоја жена, но успеав тоа да го свртам во моја корист – мојот сопруг сè уште му се допаѓа некому, тој е сепак убав, но тој е само мој. Навистина му верувам, како што тој ми верува мене. Нашата работа е таква што треба да бакнеме или гушнеме други и мислам дека главната работа е довербата“, вели Слобода.

Share
Scroll to Top