Првиот човек на фудбалскиот клуб Барселона, Џозеп Марија Бартомеу, вчера си поднесе оставка од претседателското место на каталонскиот тим.
Бартоме одлучи да се повлече пет месеци пред претседателските избори, откако 20.000 членови на клубот покренаа петиција за негова смена.
Бартомеу ја изгуби поддршката пред сè поради ужасните потези на трансфер пазарот и резултатите кои тимот ги покажува во последниот период.
Најмногу Бартомеу си заминува поради конфликтот кој го има со првата ѕвезда од тимот Лионел Меси. Неговата одлука ги изненади сите, откако тој во понеделникот изјави дека нема намера да си замине. Со него си заминува и целата управа во тимот.