По потпишаниот предбрачен договор, ладната Викторија прозборе за идната снаа

По потпишаниот предбрачен договор, ладната Викторија прозборе за идната снаа

пред 6 години

Иако модната креаторка Викторија Бекам (46) јавноста често ја доживува како студена личност, во неодамнешното интервју таа покажа дека не е така. Викторија во шоуто во Лореин во средата ја пофали 25-годишната Никол Пелц, нејзината снаа, свршеница на Бруклин, 21, и зборуваше за нивната венчавка.

Дизајнерката кажа дека  нивната веридба дошла во добро време и дека таа и сопругот Дејвид Бекам (46) не можеле да очекуваат поубава дама за нивниот син. Бруклин и Никол се неразделни откако објавија дека се заедно во ноември минатата година.

“Тие се многу среќни. Таа е убава, слатка и добра. Таа е толку убава, пријатна жена”, рече Викторија. “Убаво е што со сè што се случуваше оваа година, Бруклин најде сродна душа и дама со која сака да го помине остатокот од својот живот. Во овој период имаше толку многу несигурност и сè беше малку тажно. Значи, ние сме многу среќни и возбудени”, додаде таа.

Странските медиуми претходно пишуваа дека парот ќе се венча во италијанското луксузно одморалиште Борго Егнација во Пу Pа.

Бруклин и Никол потпишаа предбрачен договор затоа што нејзиното семејтво е многу побогато од Бвекомиви, јавија странските медиуми.

Share
Scroll to Top