Предјадења кои ќе ја надополнат вашата славска трпеза

Предјадења кои ќе ја надополнат вашата славска трпеза

пред 3 години

Ви пренесуваме рецепти за три феноменални празнични предјадења, кои ќе воодушеват и по изглед и по вкус.

Шарен ролат

Потребно е:

  • 1 лист обланди
  • 200 гр крем сирење
  • 2 кисели павлаки 
  • 100 гр мајонез
  • 200 гр печеница или сланина
  • 4 моркови
  • 150 гр зелени маслинки
  • 150 гр сирење

Подготовка: Сварете го морковот, па ситно исечкајте го. И печеницата и маслинките исечкајте ги. Измешајте сирење, павлака и мајонез, па со оваа смеса премачкајте ја обландата. Посипете ја со сецканиот морков, печеницата, маслинките и ренданото сирење. Почекајте околу десет минути да омекне обландата, па завиткајте ја во ролат и оставете ја во фрижидер добро да се стегне.

Обланди со кикирики

Потребно е:

  • 250 гр маргарин или путер
  • 400 гр масно кравјо сирење
  • 200 гр мајонез
  • 3 листови обланди
  • 300 гр шунка
  • 200 мл кисела павлака
  • 200 гр кикирики

Подготовка: Изматете го филот од путерот, сирењето и мајонезот. Со него премачкајте една обланда. Одозгора наредете ги листовите со шунка и кулен, па премачкајте ги со павлаката и истурете ги врз нив исечканите кикирики. Ставете уште една обланда и повторете ја постапката. Покријте со трета обланда, премачкајте ја со филот и посипете со кикирики.

Ајвар триаголници

Потребно е:

  • 300 гр туна
  • 300 гр крекери
  • 200 гр путер или маргарин
  • 400 мл грчки јогурт
  • 8 варени јајца
  • 4 листови обланди
  • 300 гр ајвар

Подготовка: Искршете ги крекерите и прелијте со јогурт. Додадете го омекнатиот путер и процедената туна и сето тоа добро измешајте го. Листот од обландата премачкајте го со филот од крекери, па премачкајте го со ајвар, па додадете  две сечкани, варени јајца. Ставете уште еден лист обланда, па повторете ја постапката и така сè додека не се потроши целиот материјал. Оставете го предјадењето во фрижидер преку ноќ добро да се стегне.

 

Share
Scroll to Top