Принцот Алберт ја смести сопругата во болница поради психички проблеми

Принцот Алберт ја смести сопругата во болница поради психички проблеми

пред 3 години

Принцот на Монако, Алберт, ја однел својата сопруга, принцезата Шарлин на психијатар. Таа во болницата ќе остане неколку дена каде ќе се лечи, пишуваат медиумите. Таа е сместена во една установа надвор од Монако. Принцот рече дека одлуката ја донеле заедно со нејзините браќа.

Тој негираше дека постојат проблеми во нивниот брак и откри дека сопругата пати од длабока емоционална и физичка исцрпеност.

„Ова ќе го повторам неколку пати, но, нејзиниот престој во установата нема врска со нашиот однос. Сакам тоа јасно да го нагласам. Нема никакви проблеми во нашиот однос. Не станува збор за проблеми во одоносот на маж и жена. Ова се проблеми од друга природа“, рече Алберт.

Тој претходно рече дека принцезата Шарлин некое време ќе биде отсутна од јавноста, а нејзиното опоравување бара клиничка нега која ќе трае најмалку неколку дена.

„Се чувствува подобро, но, ќе мора да одмора. Таа не е во Монако, но, наскоро ќе се врати“, рече Алберт.

Медиумите често пишуваа за проблемите на принцезата, која го доби и надимакот, најтажната жена во светот, откако целата нејзина венчавка ја помина плачејќи. Многумина не веруваа дека станува збор за солзи радосници.

Многумина сметаат дека причината за нејзината состојба било неверството на Алберт. Шарлин неодамна ја избричи пола глава, а некои тоа го протолкуваа како бунт против принцот.

 

 

Share
Scroll to Top