Пролетна пита со компири и спанаќ

Пролетна пита со компири и спанаќ

пред 3 години

Потребни состојки:

dobivaj vesti na viber

2 поголеми компири (излупени и исечени на тенки тркалца);
1 главица кромид;
1 чешне лук;
250гр свежи листови спанаќ;
1 лажица млеко;
2 јајца;
Сол;
Морско оревче (по вкус);
100гр рендан чедар кашкавал;
Масло за готвење.

Начин на подготовка:

Рерната се загрева на температура од 180 степени. Плехот за питата се премачкува со малку масло и се обложува со компирите (во облик на кора за пита). Компирите се посолуваат и се ставаат да се потпечат во рерна на температура од 180 степени околу 15 до 20 минути. Во длабоко тавче на рингла се става малку масло, се додава исечкан кромид и се пржи додека да омекне. Се додава лук и спанаќ се посолува и се затвора тавчето со капак за да омекне спанаќот. Компирите се вадат од рерна и врз нив рамномерно се распоредува подготвениот спанаќ. Во подлабок сад се мешаат млекото, јајцата, малку сол и ренданото морско оревче додека не се добие изедначена смеса. Со оваа смеса се прелеваат компирите и спанаќот и се додава рендан кашкавал. Питата се враќа во рерна и се пече додека кашкавалот добие златно-кафеава боја.

Share
Scroll to Top