Режисерот на „Брзи и бесни“ обвинет за сексуална злоупотреба

Режисерот на „Брзи и бесни“ обвинет за сексуална злоупотреба

пред 4 години

Актерката Азија Аргенто го обвини режисерот на „Брзи и бесни“, Роб Коен, за сексуална злоупотреба. Таа за италијански „Ил кориере дела сера“ изјави дека Коен ја малтретирал и ја присилувал да пие ГХБ, супстанца позната и како дрога за силување. Аргенто тврди дека нападот се случил за време на снимањето на акциониот филм во 2002 година.

„Тој ме натера да пијам ГХБ, тој имаше шише. Во тоа време, навистина не знаев што е тоа. Се разбудив наутро гола во неговиот кревет”, рече Аргенто.

Таа го обвинува Коен за злоупотреба и во својата автобиографија „Анатомија на диво срце“, која ќе биде објавена на 26 јануари во Италија.

Азија Арџенто и Роб Коен

Режисерот негира сè. Портпаролот на Коен го нарече нејзиното тврдење „категорично лажно“ и „збунувачко“.

„Г. Коен категорично го негира обвинувањето на Азија Арџенто за напад. Кога работеа заедно, тие имаа одлични работни односи и Коен ја сметаше за пријателка, и затоа ова тврдење за 2002 година е збунувачко”, се вели во изјавата на портпаролот на Коен.

Азија Арџенто исто така беше меѓу првите актерки кои го обвинија и Харви Вајнстин за злоупотреба.

Ова не е прв пат името на Коен да се споменува во врска со наводите за сексуална злоупотреба. Во 2019 година, една жена анонимно го обвини за сексуален напад, пишува „Холивуд репортер“. Наводната жртва вели дека ја нападнал во 2015 година, додека таа била во бесознание. Тој уште тогаш ги негираше обвинувањата.

Истата година, неговото најстаро дете, Валкири Ведер, исто така го обвини за сексуална злоупотреба. Во интервју за „Холивуд репортер“, таа рече дека „главно се сеќава на болката“. „Беше толку болно што не можев да го вербализирам долго време“, рече таа. Таа исто така тврди дека нејзината мајка Дијана Мицнер била сведок на еден од нападите.

Самата Арџенто во 2018 година беше обвинета за сексуален напад. Актерот и музичар Џими Бенет ја обвини за сексуален напад. Тој тврдеше дека во 2013 година тогаш 37-годишната Аргенто го нападнала во хотелска соба само два месеца по неговиот 17. роденден. Според текст на „Њујорк тајмс“ објавен 2019 година, Арџенто постигнала финансиска спогодба со Бенет и му платила 380.000 долари.

Share
Scroll to Top