Глумицата Биљана Драгиќевиќ Пројковска ја доби наградата за најдобра актерка на фестивалот „Македонско културно лето“ во Пустец, Република Албанија. Таа е добитник на наградата за улогата Кармен во истоимената монодрама.
Нејзиниот сопруг режисерот Дејан Пројковски ја доби наградата за најдобра режија на „Кармен“ која е прогласена и за најдобра претстава на фестивалот.
Фестивалот „Македонско културно лето“ по 15 -ти пат се одржува во Пустец, од 1 до 5 јули.
Награда за најдобра млада актера доби Жаклина Петровска Милјановска, за улогите на Марта, Цеце, Жаклина, Елена, во „Анатомија на неверството“, од Театар Комедија. Сашко Коцев, најдобар актер за улогата на Паун во „Не се клади на енглези“, од МНТ.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Градот Амерсфорт со канали, велосипеди и слики на Ван Гог е „европски град на годината“
Музички викенд во Скопје: македонски диџеи и регионални ѕвезди во МКЦ
Инстаграм сега автоматски ќе го преведува текстот во Stories
Шарлиз Терон во фустан што ги крие вишокот килограми на стомакот
(Видео) Објавен трејлерот за филмот со Том и Џери: Некои обожаватели скептични дека филмот ќе биде добар
