Северина на селски туризам засука ракави и замеси леб

Северина на селски туризам засука ракави и замеси леб

пред 3 години

Во тесен фустан, со накит, прстени и круна на главата, Северина на своите обожаватели им покажа како се меси леб.

Пејачката продолжениот викенд го помина во Истра. Најпрво била во Хум, најмалиот град во Хрватска, а потоа продолжила во селото Радетиќи, каде ги покажала своите пекарски вештини.

„Нашиот дневен леб“, опиша Северина.

„Севе, не верувам дека ти си измешала?“, напишал еден фан во коментар.

Во видеото на крајот од серијата фотографии Северина снимила печен леб на маса со украсна со свеќа.

Инаку, пред само една недела пејачката беше во Рим со синот и пријателите, каде отиде на концертот на нејзиниот музички идол Брус Спрингстин (73).

Share
Scroll to Top