Семејството на Џорџ Флојд го ​​тужи Канје Вест, бараат 250 милиони долари отштета

Семејството на Џорџ Флојд го ​​тужи Канје Вест, бараат 250 милиони долари отштета

пред 2 години

Семејството на Џорџ Флојд го ​​тужи Канје Вест и бара отштета од 250 милиони долари, оти раперот во интервју рече дека Флојд не умрел од полициска бруталност туку од предозирање со фентанил.

dobivaj vesti na viber

Неговата изјава, наводно, многу го повредила семејството, па сега бараат Вест да им плати за нанесена душевна болка. Адвокатите на семејството тврдат дека Вест со своите изјави се обидел да го оцрни Флојд и да профитира од неговата смрт и траумата што ја доживуваат тие.

„Го гледав документарецот за Џорџ Флојд што го објави Кендас Овенс. Тој беше на фентанил. Ако погледнете малку подобро, коленото на полицаецот воопшто не е на неговиот врат“, рекол Вест во подкастот Drink Champs, кој по ова е отстранет од сите платформи.

Во истиот подкаст, Вест изнесе и некои антисемитски ставови, а поради неговите контроверзни ставови, Твитер и Инстаграм ги суспендираа, но потоа ги вратија неговите профили.

За потсетување, Флојд почина во Минеаполис во мај 2020 година, откако полицаецот Дерек Шовин клечеше на неговиот врат речиси десет минути откако го уапси за наводна употреба на фалсификувана банкнота. Полицаецот е суспендиран и осуден на 22 години затвор, а по смртта на Флојд започна движењето Black Lives Matter кое се прошири низ целиот свет.

Share
Scroll to Top