post-image

Славниот актер Кевин Бејкон по 23 брак дозна дека сопругата му е братучетка

пред 2 години

По 23 години брак, холивудската двојка Кевин Бејкон и Кира Седгвик  дури сега дознале дека се далечни роднини. А, откритиле сосема случајно пред неколку години кога  гостувале во емисијата „Finding Your Roots“ која се занимава со проучување на познатите семејни стебла.

dobivaj vesti na viber

Водителот на емисијата, Хенри Гејт Луис, покажа ДНК докази кои илустрираат дека Кира Седгвик и седум години постариот Кевин Бејкон се роднини во девето колено.

Зборувајќи за откритието, Кира призна дека целото искуство било „како гром од ведро небо“. Сепак, тие добиле објаснување дека оваа појава е многу почеста отколку што се мисли. Всушност, ако двајцата партнери имаат француско-канадско потекло или колонијални американски корени – големи се шансите тие да се братучеди.

Тие двајца се венчаа во 1988 година, кога Кевин имаше 30 години, а денес имаат две деца и важат за еден од најстабилните холивудски парови.

„Таа е љубовта на мојот живот, веднаш го знаев тоа. Но, кога таа дојде во мојот живот, мојата кариера беше на дното. Меѓутоа, љубовта се случи и се родија нашите деца, а понудите за филмови конечно почнаа да се појавуваат“, раскажа Кевин своевремено за Кира, која ја запозна на снимањето на филмот Lemon Sky.

Двајцата глумеа во четири филма заедно, вклучувајќи ги The Woodsman и Loverboy.

Share
Scroll to Top