Пејачот Ламбе Алабакоски денеска пееше на плоштадот во населбата Автокоманда во Скопје. Ова е прв настап на Ламбе, откако на почетокот на месецот беше приведен поради палењето на бугарскиот центар „Иван Михајлов“ во Битола.
Алабаковски прво се сликаше и се поздравуваше со публиката, а потоа испеа неколку песни. Присутните не криеја дека им е мило што го гледаат Ламбе, па некои му дадоа подароци со македонски симболи, а повеќето му изразија поддршка.
Додека ги пееше песните што ги сакаат многу генерации, со Ламбе запеаја и во публиката, а највесели беа децата, кои се качија на бината и играа со него.
Настапот на Ламбе беше дел од музичкиот настан „Семејството столб на општеството – Децата иднина на светот“ што го организира Општина Гази Баба.