Стриптизерка била викната на ергенска забава, не знаела дека младоженецот е брат ѝ

Стриптизерка била викната на ергенска забава, не знаела дека младоженецот е брат ѝ

пред 2 години

Стриптизерка по име Кендра раскажа на Тик-ток за едно од најлошите искуства кои ги доживеала во оваа работа. Таа рече дека била викната на ергенска забава, но не знаела дека младоженецот е нејзиниот брат. Таа се соблекла целата гола, кога го видела меѓу мажите.

„Завршив како стриптизерка на ергенската вечер на мојот брат и тоа не го сфатив сѐ до моментот кога не бев сосема гола“, напиша таа на видеото на „Тик-ток“, кое го погледнаа преку милион луѓе.

На многумина не им е јасно како на време не дознала дека нејзиниот брат прави ергенска вечер, а потоа коментираа дека е невозможно во ниту еден момент да не го препознала.

Други, пак, рекоа дека и овие ситуации се можни, затоа што повеќето стриптиз барови, каде се случуваат ваков тип на забави се затемнети.

 

Share
Scroll to Top