Телохранителот на Тони Блер му извадил пиштол на неговиот возач, за време на посетата во Израел

Телохранителот на Тони Блер му извадил пиштол на неговиот возач, за време на посетата во Израел

пред 3 години

Израелскиот Канал 13 објави вест дека личниот телохранител на поранешниот британски премиер, Тони Блер, му извадил пиштол на вториот член од неговото обезбедување за време на неговата неодамнешна посета на Израел.

Како што пренесе Канал 13, возачот на Тони Блер, поднел во полицијата на Тел Авив, пријава против личниот телохранител на поранешниот британски премиер.

Тој тврдел дека додека го сликал Блер за време на една вечера, телохранителот му извадил пиштол и му се заканил. Возачот потоа признал дека немал дозвола за такво нешто.

Подоцна се испоставило дека станува збор за Иразелец, кој бил поранешен припадник на внатрешната контраразузнавачка служба „Шин Бет“.

Тој работел како обезбедување на значајни личности, а кога обезбедувањето на Блер го ангажирало, тој требало да го вози и лично да го заштити за време на неговата посета во Израел.

Од израелската полиција потврдиле дека примиле пријава и дека е отворена истрага. Тие ги донеле на сослушување и ги сооочиле со поднесените пријави и двајцата.

„Засега не можеме да објавиме детали за предметите за кои трае истрагата. Ќе продолжиме да работиме професионално и детално ќе ги истражиме сите факти за да ја дознаеме вистината и утврдиме што навистина се случило“, соопштиле од израелската полиција.


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top