Тереза Кесовија и Ќиро Блажевиќ на ручек со Макрон: Не паднав во несвест за поканата, а трнерот ќе дошол по тренерки

пред 2 месеци

Хрватската дива Тереза ​​Кесовија и некогашниот фудбалски селектор Ќиро Блажевиќ денеска ќе присуствуваат на заеднички ручек со францускиот претседател Емануел Макрон, кој е во официјална посета на Хрватска. Настанот ќе се одржи во Емералд салата на хотелот Еспланада во Загреб. Покрај нив уште стотици други гости ќе се дружат со Макрон.

Пејачката вели дека не паднала во несвест поради поканата.

„Не сакам да се истакнувам таму, но ако треба, ќе ја пеам „Песната на Лара“. Не се онесвестив поради повикот, но мило ми е“, изјави Тереза ​​за Јутарњи лист.

Додека пак, Ќиро кој има сериозни здравствени проблеми, вели дека ќе најде сила да се сретне со Макрон кој е исто така голем обожавател на фудбалот.

„Ќе му дојдам во тренерки во хотелот „Еспленада“. Сепак Макрон не е прв претседател на Франција со кој се среќавам. Првиот беше Жак Ширак“, се пошегува Блажевиќ.

Тереза ​​Кесовија ја започна својата кариера во Франција во 1965 година, кога ја испеа „La Chanson de Lara“, од филмот „Доктор Живаго“ и ја воодушеви француската публика. Дури четири пати ја наполни париската Олимпија и се сретна со неколку француски претседатели. Во 1999 година, тогашниот француски претседател Жак Ширак ја одликуваше со Витез од редот на уметност и литература, додека годинаа таа доби златен медал на Офицер на редот и уметностите од Макрон, со кого за првпат ќе има можност да разговара.

 

Share

https://44anime.net/. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

Naruto (Dub)

free anime online My Hero Academia (Dub)

Kiss x Sis (TV) Episode 3

4Anime Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!! Episode 2

english anime Tokyo Revengers (Dub)

Scroll to Top