Тијана Дапчевиќ: Веќе одамна не заработувам од пеење

Тијана Дапчевиќ: Веќе одамна не заработувам од пеење

пред 1 година

Поп пејачката Тијана Дапчевиќ, некое време беѓе во Скопје зардаи снимањето на серијата “Преспав“. Во интревју за срските медиуми вели дека улогата на Ула ја исполнува, но и дека со музика одамна не се занимава. Особено сега, во време на пандемијата.

„Одамна не заработувам од пеење“, вели Тијана, која во моментов ја игра главната улога во серијата „Преспав“ и соработува со бројни познати глумци.

Тијана во моментов работи на снимањето на петтата сезона од популарната серија.

„Завршив со снимањето на македонскиот ситком, кој е многу популарен. Станува збор за ситком (ситуациска комедија), која се емитува на јавниот сервис веќе петта година. Продуцентската куќа од Бугарија, дојде на идеја да ги откупи четирите сезони, а сега и петта, па се емитува и таму и во Босна и Херцеговина. Во Србија за жал, сè уште нема никој пари за да ја купи оваа комична серија“, вели Тијана.

Тијана раскажа како е да се биде строгата и остра Германка Ула, која е омажена за Македонец кој држи пансион на Преспанското езеро.

„Како Ула инсистирам да биде сè според правилата и нормите. Приказната е интересна. Во прашање е интелегентен хумор, а дијалозите се врв. Ние сме веќе една добро уиграна екипа. Играм рамо до рамо со популарни глумци“, вели Тијана.

Пејачката открива дека и недостигаат настапите, во перидоот на пандемијата со коронавирус, но дека се помирила со ситуацијата каква што е во моментов на музичката сцена.

„Од пеење не живеам веќе извесно време. Се досадувам. Ситуацијата е таква каква што е“, вели Тијана и додава дека снимањето во Македонија е отежната и дека како и сите колеги и таа ги почитува пропишаните мерки.

„Сите носиме маски, сите сме уплашени. Психозата е во ненормални количини. Страшно е, но се почитуваат сите мерки за заштита . Се тестирав и фала му на господ, веднаш добивме негативни резултати. Продукцијата не замоли да биде сериозни. Од студио, директно се враќав дома и тоа е тоа. Не посетував други места. Сè беше снимено без проблеми. Кога завршив, одма се вратив во Белград и сега некое време ќе останам во Србија“, вели Тијана.

Пејачката откри дека на почетокот на снимањето имала голема трема, но дека со љубовта кон глумата, истата ја совладала.

„ На почетокот сите имавме трема, затоа што никои од тие глумци до тогаш немаше допир со стиком. Сепак се снимаше една епизода дневно. Беше ужасно макотрпно, но и радосно, затоа што го работевме тоа што го сакавме. Јас не одам на работа за да рабтам, туку за да ужувам. Навистина така се чувствувам, затоа што ја сакам мојата работа. Има и некои тешки денови, но сè е миниво. Поентата е само луѓето да го сакаат она што го работат“, вели Дапчевиќ.

 

 

 

Share
Scroll to Top