Потребни состојки:
2 фелчиња леб
Кашкавал
Сланина
2 јајца
10 гр путер
Половина лажичка магдонос
Кечап
Начин на подготовка:
Изматете ги јајцата во сад и додадете сол и магдонос. Загрејте тава, потоа ставете го путерот да се растопи. Истурете ги јајцата во тавата и веднаш ставете ги двете фелчиња леб, кои ќе ги потопите во јајцата од двете страни и ќе ги оставите во тавата. Кога јајцата ќе поруменат, превртете ги на другата страна.
Во друга тава ставете ги листовите сланина да се пропржат, а кога ќе станат крцкави тргнете ги од страна. Кога ќе биде готова и долната страна на јајцето, полека префрлете ги сите рабови навнатре со виљушка. Одозгора премачкајте го сендвичот со кечап, па наредете ги кашкавалот и сланината.
Свиткајте го сендвичот на средина и ставете го на чинија. Послужете го со салата.