Тотенхем го отпушти Жозе Мурињо

Тотенхем го отпушти Жозе Мурињо

пред 4 години

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, доби отказ од клубот по 17 месеци на функцијата. Toj  дојде на местото на Маурицио Покетино во ноември 2019 и минатата сезона го предводеше клубот до шестото место во Премиерлигата.

Мурињо доби отказ откако Тотенхем освои само два бода на последните три натпревари во Премиерлигата и се наоѓа на седмото место на табелата. Клубот настапот во Лига Европа го заврши во осминафиналето, откако беше елиминиран од Динамо Загреб. Клубот сѐ уште има шанси да ја заврши сезоната со трофеј, бидејќи в недела се среќава со Манчестер сити во финалето на Лига купот, но тоа ќе се обиде да го оствари со друг тренер.

Ова е четврти пат Мурињо да добие отказ во Англија, двапати од Челзи и еднаш од Манчестер јунајтед.

Share
Scroll to Top