Уапсен глумецот Џонатан Рајс Мејерс

Уапсен глумецот Џонатан Рајс Мејерс

пред 6 години

Ирскиот глумец Џонатан Рејс Мејерс е уапсен за возење во пијана состојба, откако предизвикал сообраќајна незгода, во која учествувал само тој. Пијан, Мејерс, удрил во столб покрај патот во Малибу, а на местото на несреќата дошла полиција. Па откако тестот за алкохол покажал дека глумецот пиел повеќе од дозволеното, го уапсиле.

Адвокатите на 43-годишниот Мејерс платиле кауција од 5.000 долари, па тој е пуштен на слобода.

Не е првпат Џонатан да има проблеми со полицијата. Пред две години тој беше уапсен заради инцидент во авион, а претходно и за домашно насилство, кога сопругата го пријави дека ја тепал. Тој неколкупати беше и на рехабилитација, во центри за одвикнување од зависност од алкохол.

 

Share
Scroll to Top