Американскиот рапер Канје Вест тврди дека го редизајнира пакувањето на храната на „Мекдоналдс“. Тој на Инстаграм објави фотка од новиот дизајн на „Мекдоналдс“ со порака: „Је се здружува со легендарниот индустриски дизајнер Муџи Наото Фукасава за да го редизајнира пакувањето на ‘Мекдоналдс’. Следната недела ќе биде помфритот“.
Ова е прва објава на Канје на новиот инстаграм-профил, откако Инстаграм пред неколку месеци му го блокираше профилот поради говор на омраза.
Амбалажата доби пофалби, а фановите на брендот велат дека таа е чиста и минималистичка но и дека го одразува неговиот бренд на облека „Јизи“. Раперот претходно покажа колку многу му се восхитува на „Мекдоналдс“ во песната McDonald’s Man.
Од компанијата за сега нема коментар дали Вест навистина ќе дизајнира нова амбалажа за нивната храна.