Кумановката Мартија Станојковиќ оваа година е матурантка. На социјалните мрежи се појави фотографија од матурското табло на кое е и Мартија.
Мајката на Мартија, Снежана ја објавила фотографијата од Мартија и пишала: „Среќна матура дете мое, ти посакувам еден ден да станеш академски граѓанин, но пред се’ да останеш добар човек како што те воспитав и до сега“.
Мартија македонската јавност ја запозна како учесничка во регионалното шоу „Пинкови ѕвездички“ каде заедно со Антониа Гиговска настапуваа во иста сезона.