Американската пејачка Кристина Агилера е на одмор во Мајами заедно со семејството.
На фотографиите од тамошните папараци, Кристина, која е на базен во Мајами, изгледа здебелено и непрепознатливо за што доби многу негативни критики и коментари на социјалните мрежи.
„Никогаш не би сакала да се вратам на времето кога имав дваесет години. Тогаш се чувствував толку несигурна“, изјавила Кристина за американските медиуми.
„Сега имам многу поголема самодоверба и свесна сум за себе. Надминав многу работи и се чувствувам одлично. Задоволна сум со моето ново тело“, одговори Кристина на негативните коментари за изгледот.
.
Агилера и самата објави фотографии од одморот во Мајами, во кои сподели и дел од романтичната вечера со свршеникот за Св. Валентин.
Таа музичката кариера ја почна откако беше прогласена за глас на генерацијата, а во текот на целата своја кариера ја споредуваа со Бритни Спирс.
Кристина пред неколку години се повлече од сцената со цел да се посвети на мајчинството и никогаш не успеа да си го врати стариот сјај.