Македонецот Славче Танески го дизајнираше најновиот модел на Мерцедес

Македонецот Славче Танески го дизајнираше најновиот модел на Мерцедес

пред 2 години

Македонскиот дизајнер Славче Танески го направи нацртот за најновиот модел на Мерцедес, Mercedes CLA Shooting Brake, кој неодамна беше претставен на саемот за автомобили во Женева.

Колата на Танески, кој веќе неколку години создава автомобилски дизајни на Мерцедес, е оценета како подвижно уметничко дело во стилот на дигиталната ера, пренесе „Гласот на Америка“. Танески, освен што го дизајнирал возилото, сам го претставил пред посетителите, наместо некој од бордот на директори на компанијата, што е вообичаена пракса.

Танески, кој е еден од  најмладите дизајнери во Мерцедес, го дизајнираше и мерцедес-бенц концепт ЕКА, првото електрично возило на компанијата во компактната класа, а претходно го претстави и Мерцедес ГЛЦ купе, за кој инспирацијата ја нашол во стриповите и во цртаните филмови.

Share
Scroll to Top