Познатиог глумец и бодибилдер од Казахстан, Јури Толочко, откако му пукна првата кукла, сега вели дека ужива на меден месец со неговата втора во природна големина. Јури минатата година се ожени со неговата секси-кукла Марго. Нивната среќа не траеше долго.
По само неколку недели од венчавката, Марго пукна, а Јуриј сега вели дека повторно пронашол љубов во неговата нова сопруга, секси-куклата Луна, со која е на меден месец во Бугарија.
„Досега немав можност да уживам на меден месец со Луна. Пандемијата на сите ни ги промени плановите, па сега кога ми се укажа можност да одам во Бугарија на работа, бев среќен што можев да ја земам Луна со мене“, рече Јуриј за „Мирор“.
„Тоа беше работно патување, но, беше толку романтично што го сметам и за меден месец. Останавме недела дена во главниот град Софија и беше неверојатно“, рече Јуриј.
„Имавме многу секс. Повремено се снимавме во живо на „Инстаграм“, затоа што не чекаа многу пријатели. Сакаа да не видат“, рече глумецот.
„Еднаш, додека бевме на романтична вечера, конобарот прво се изненади од мојата сопруга, но, потоа уживаше додека не гледаше. Останатите гости исто така сакаа да се сликаат со нас“, рече Јуриј и додаде дека луѓето се многу радознали, затоа што никогаш претходно не виделе секси кукла, па често го прашуваат за нивниот сексуален живот.
„Луна носи многу краток фустан и мажите сакаат да ја гледаат додека ми седи во скут. Исто така на еден состанок не носеше долна облека и тоа ме возбуди, а заблежаа и оние околу мене“, рече Јуриј.
„Сакам кога луѓето не гледаат. Тоа ми го подигнува расположението. Кога почна пандемијата, тоа беше особено важно за мене. Луѓето живеат во страв и често доаѓаат на мојот Инстаграм за да се насмеат и развеселат“, вели Јуриј.