Марк Цукерберг развива вештачка интелигенција за да создаде виртуелни светови

Марк Цукерберг развива вештачка интелигенција за да создаде виртуелни светови

пред 2 години

Компанијата „Мета“ почна да развива вештачка интелигенција за да изгради виртуелни светови преку говор и превод меѓу различни јазици, објави нејзиниот извршен директор Марк Цукерберг. Сопственикот и основач на Фејсбук е убеден дека „метаверзумот“, футурустичката идеја за виртуелните светови во кои корисниците можат да работат, да се дружат или да играат, ќе биде наследник на мобилниот интернет.

„Метаверзумот“, дигитален свет во кој се спојуваат физичката и виртуелната стварност, според Цукерберг е врвот на социјалната технологија.

„Клучот кој ни ја отвора вратата на напредокот е вештачката интелигенција“, рече тој на настанот „Во лабораторијата“ кој го организира неговата компанија и додаде дека „Мета“ работи на нова класа вештачки модел на интелигенција што на луѓето ќе им овозможи да го опишат светот и да создадат негови делови.

Цукерберг ja илустрираше својата идеја преку Builder Bot, кој на корисниците им овозможува да опишат што сакаат да се создаде со вештачката интелигенција. Тој прикажа аватар на остров кој со говор ѝ наредува на вештачката интелигенција да создаде плажа и да додаде облаци, дрвја и ќебе за пикник.

„Како што оваа технологија ќе напредува, ќе можеме да креираме нијансирани светови само со помош на гласот да можеме да истражуваме и да ги споделуваме искуствата со другите“, рече Цукерберг и додаде дека се создава и единствен систем на вештачка интелигенција кој ќе овозможи преведување меѓу сите пишани јазици, а се работи и на универзален преведувач на говор.

Од „Мета“ неодамна објавија дека нејзиниот истражувачки тим развил нов суперкомпјутер на вештачка интелигенција, кој кога ќе биде готов кон средината на годината, ќе биде најбрзиот суперкомпјутер на светот.

Share
Scroll to Top