post-image

(Фото) Спомениците на култура во штипско Ново село добија информативни таблици

пред 2 години

Здружението „Споделено знаење“, кое се занимава со умножување на статиите на Википедија на македонски јазик, во рамки на нивниот проект „Викисело“, викендов постави информативни таблици на сите споменици на култура во штипската населба Ново село.

dobivaj vesti na viber

Табличките беа поставени на градбите кои се заведени како културно наследство на Македонија. Беа поставени 16 помали таблички кои се наоѓаат пред самите куќи и една голема информативна карта на Ново село.

Секоја табла имаат QR код кој со негово скенирање води до статија за конкретната градба на Википедија на македонски и англиски јазик. Овој проект веќе беше имплементиран во селото Галичник во 2021 година.

„Викисело“ е проект кој ја промовира и афирмира историската архитектура прогласена за културно наследство во македонските села, со цел да се спознават жителите, минувачите и посетителите дека градбите се културно наследство.

Љубиша Владимиров

Share
Scroll to Top