(Фото) Фудбалер на Баерн се покајал откако си го истетовирал целиот грб

(Фото) Фудбалер на Баерн се покајал откако си го истетовирал целиот грб

пред 9 месеци

Фудбалерот на Баерн Минхен, Лирој Сане, вели дека се покајал затоа што во 2017 година, кога играл за Манчестер Сити си го истетовирал целиот грб. Тој вели дека направил лудост, за која сега многу жали.

Сане тетоважата ја направил за време на забавата по големата победа на Манчестер Сити над Монако од 5:2 во Лигата на шампиони.

Тој потоа го тргнал симболот кој го означувал грбот на англискиот клуб и преку него го додал симболот кој го означува грбот на германската репрезентација.

„Тогаш бев многу млад и наивен. Бев тврдоглав и удирав со главата во ѕид. Правев работи без разлика што ме болеа многу. Денес сум попаметен. Сега би донел поинаква одлука. Имам научено од грешките кои ги имам направено порано“, напишал Сане на „Инстаграм“.

Во јули во 2020 година, Сане го напушти Сити и потпиша договор со Баерн. Како што е наведено во соопштението, 25. годишниот фудбалер потпиша договор до 30. јуни 2025 година и заработува 17. милиони евра по сезона.

 

 

Share

Website https://animedao.nl: Watch Boku no Son Gokuu animedao Episode Full animedao kissanime

Watch Miss caretaker of Sunohara-sou (Dub) Episode 12

Watch anime online for free at AnimeTV top anime tv

Lord of Vermilion: The Crimson King (https://twistmoe.net/m/v71Y) Episode 12

Amara: https://amara.org/en/profiles/profile/On91yXQyAB2aqsUtpP9QyGeG4hYerFOT0Ro9jsBr-ws/

Forum cs-cart: https://forum.cs-cart.com/user/152703-gogoanimebe/

Scroll to Top