Изминатиот период Македонија ја зафатија големи пожари, а по тој повод се јави и актерот и шоумен Игор Џамбазов, кој со фотографија од популарната серија „Волшебното самарче“ им испрати порака на оние кои ги подметнуваат.
„Кој си ти што ги пали шумите? Кој и да си, аир да не видиш. Штом толку сакаш оган, во оган и ќе завршиш. Пеколот ќе ти биде дом“, им напиша Џамбазов.
Тој во серијата го глумеше ликот на Трајче Дрвачрето, кое секој ден со своето магаре одше по дрва во шумата.