Фризури кои ќе бидат во мода во 2024 година: Модерни и заводливи

Фризури кои ќе бидат во мода во 2024 година: Модерни и заводливи

пред 1 година

Доколку ги следите модните трендови кога се во прашање фризурите и сакате промени, обрнете внимание на фризурите кои ќе бидат во мода во 2024 година.

Оваа зима, фризурите од средината на 60-тите стануваат се попопуларни, но со модерен пресврт – фризури со поголема текстура и волумен кои изгледаат неуредно и затоа привлечно. Фризерите предвидуваат дека следната година во мода ќе бидат следните фризури.

Фризури кои ќе бидат во мода во 2024 година: Која е вашата омилена?

Пикси фризура

Една од најбараните фризури во последно време, која одлично им прилега и на постарите дами. Пикси е младешка, смела, секси фризура. Фризурите со избричена страна ќе бидат во мода во 2024 година. Слободно експериментирајте. Кратката должина ќе го нагласи овалното лице, ќе го отвори вратот и ќе го направи визуелно подолг.

Средна должина

Една од најпопуларните фризури оваа сезона и постојат сите шанси така да биде и следната година. Што ја прави толку примамлива? Аргументот е едноставен: косата со оваа должина изгледа погуста и полесно се обликува. Постојат многу варијации на стајлинг: од класичен до супер див. Но, главната карактеристика е што професионален фризер може да го направи тоа за да не мора да ја стилизирате косата – дури и без виткање, вашите кадрици ќе изгледаат совршено. Фризурата можете да ја комплетирате со шишки, кои ќе ги истакнат цртите на вашето лице. Денеска во мода се правите, лесни шишки со нагласена текстура, кои можат да се стилизираат на различни начини.

Краток боб

Оваа класична фризура никогаш нема да излезе од мода. Не плашете се радикално да го промените вашиот изглед и да ја скратите косата. Боб е прилично разноврсна фризура која може да се стилизира на неколку начини – од класична обемна верзија до елегантни стилови со ефект на влажна коса.

Фризура со степен

Степенастите фризури веќе неколку сезони не ја напуштаат листата на трендови. Во денешно време, формите со долг тил и скратени прамени во близина на лицето добиваат нова интерпретација во комбинација со стилот на 90-тите. Тенки краеви, волумен, текстура – фризурата треба да изгледа што е можно по лежерно и флуидно.

Ултра кратка фризура

Оваа фризура е за најхрабрите дами кои не се плашат да бидат различни. И фризерите велат дека тоа ќе биде една од најпопуларните фризури во 2024 година.

Share
Scroll to Top