Холивудските глумци најавија штрајк, бараат подобри плати и услови за работа

Холивудските глумци најавија штрајк, бараат подобри плати и услови за работа

пред 1 година

Десетици илјади холивудски актери им се придружија на сценаристите и најавија дека ќе стапат во штрајк откако пропаднаа последните преговори помеѓу нивниот синдикат и стриминг гигантите.

Пред истекот на крајниот рок Здружението на актерите (САГ-АФТРА) прифати уште едно продолжување на разговорите со големите филмски студија, но синдикатот не успеа да постигне договор околу исплатата на тантиемите и употребата на вештачката интелигенција.

Холивудските сценаристи штрајкуваат веќе неколку месеци пред студијата на големите стримиг компании како „Дизни“, „Нетфликс“ и „Парамаунт“ поради платите и условите за работа.

Преговарачкиот комитет на САГ-АФТРА, кој застапува повеќе од 160.000 актери и изведувачи, донесол едногласна одлука да се препорача стапување во штрајк.

Актерите бараат поправедна распределба на профитот од стримингот и гаранција дека вештачката интелигенција нема да се користи за замена на актерите. Последниот двоен штрајк на актерите и сценаристите во Холивуд се случи во 1960 година.

Ова ќе значи прекин на речиси сите почнати филмски и телевизиски продукции. Штрајкот би можел да се прошири и во Велика Британија и другите земји каде што моментално има снимања.

Share
Scroll to Top