Овен
Ситуацијата од вас бара трпение. Тоа за припадниците на овој знак е тешко, но ќе мора да се навикнат на тоа. На работното место внимавајте на провокации и импулсивност. Во спротивно, проблемите се неизбежни. Кога станува збор за здравјето, нервозни сте, па сето тоа уште повеќе ја влошува ситуацијата.
Бик
Се наоѓате во период кога од вас ќе се бара приспособување на околностите. Ќе размислувате и за некоја преселба. На работното место влеговте во мирен период. Ќе се најдете во ситуација да им помагате на помалку успешните соработници. Прекумерното консумирање храна лошо се одразува на вашиот организам.
Близнаци
Мора да се контролирате. Бидејќи не сте способни да управувате со себе, ќе се соочите со кавги и ексцеси. На работното место, конечно, може да здивнете. Повеќето Близнаци ги очекува заслужен период на релаксација и олабавување. Кога станува збор за вашето здравје, очекувајте чести промени на расположението.
Рак
Будни сонувате. Тешко ви е да ја прифатите реалноста, која не ги исполнува вашите очекувања. Ако сакате да постигнете работен успех, жртвувањето е неминовно. Почетокот не е лесен, но стрпете се, успехот нема да изостане. Здравствените проблеми ќе ги совладате доколку навреме им посветите внимание.
Лав
Иако сте опкружени со многу луѓе, сепак сте индивидуалист. Многумина ќе ви побараат совет. А кому вие да му се пожалите? Мудро ќе влетате во нови работни потфати. Сфаќате дека нема што да изгубите. Кој ризикува и добива. Бидејќи не умеете на правилен начин да ја трошите енергијата можни се здравствени проблеми.
Девица
Импулсивни сте и реагирате во афект, бидејќи сте толку напнати и нервозни Можеби околностите не се така лоши како што изгледаат? На работното место имате проблеми. Работата моментно е во застој. Додека се обидувавте да им помогнете на другите, се покажа дека помошта ви е потребна вам.
Вага
По долгите проблеми влеговте во мирен период. Чувствувате дека сте духовно и интелектуално стабилни. Сите акции се во рамнотежа. На работното место ќе добиете унапредување, што доцни веќе подолг период. Ако се земе предвид дека убавите работи пристигнуваат во вистинско време, славенички сте расположени.
Скорпија
Влеговте во среќен период. Добро сте расположени, иако за тоа немате некои конкретни причини. Во работата ситуацијата е ваква – или многу работите, или сте без работа. Кога станува збор за вашето здравје, слаба точка на организмот се жлездите со внатрешно лачење. Бидејќи се поврзани со вашето расположение, лесно ќе го ублажите овој проблем.
Стрелец
Се чувствувате болно. Се’ што се случува околу вас го доживувате емотивно. На работното место се’ добро почна, но од пари ништо. Вложивте премногу напор и на крај останавте на нула. Можни се некои стомачни проблеми. Внимавајте на исхраната. Во љубовта со партнерот ќе влегувате во вербални расправии.
Јарец
Чудно, но не се чувствувате лошо. Сите околу вас се нервозни, а вие смирени. На работното место нема да се случува ништо спектакуларно. Ќе размислувате да дадете отказ и да тргнете од почеток. Внимавајте на провев, избегнувајте ладни напивки да не имате проблеми со грлото. Во љубовта ќе се најдете во некоја дилема.
Водолија
Се наметнува желба да се наметнете во нешто за што не сте способни. Мора да бидете објективни кон себе доколку сакате од моментната ситуација да извлечете максимум. Во работата премногу ќе се внесете, но некои соработници ќе се обидат да ве попречат во работата. Не обрнувајте им внимание.
Риби
Романтично сте расположени. Слободното време го минувате во друштво и убаво се чувствувате. Сфативте дека се плашите од осаменост. Дали знаеле дека сите проблеми потекнуваат од вашата глава? Негативните мисли може да ви го загрозат здравјето, затоа напред со позитивни мисли. Во љубовта сте во хармонични односи со вашиот партнер.