Хороскоп за 30 ноември: Флерт за Бикот, нова љубов за Вагата

Хороскоп за 30 ноември: Флерт за Бикот, нова љубов за Вагата

пред 2 години

Овен
Многу размислувате за обврските кои ве очекуваат, дури и планирате многу однапред. Опуштете се. Љубов – За некои работи ќе треба да бидете трпеливи уште малку. Работа – Мислите дека не сте ги направиле најмудрите потези, но засега нема корекција.

Бик
Имате некои лични дилеми и треба сами да ги решите. Не ја вовлекувајте околината во неа, особено блиска личност. Љубов – Слободните не забележуваат нечие додворување. Работа – Не сте подготвени за поголеми зафати.

Близнаци
Очекувајте напорен ден во смисла дека дури и досадата може да биде заморна. Се разбира, можете лесно да се извлечете од него и да го спасите денот. Љубов – Го привлекувате вниманието кон себе, но не во позитивна смисла. Работа – Не се согласувате со колегите.

Рак
Вашата најсилна предност е снаодливоста во комуникацијата. Соговорниците ве ценат поради тоа и оставате многу добар впечаток. Љубов – Партнерот и вие дури и немате слични очекувања еден од друг. Работа – Премногу да се направи за еден ден. Ќе се мачите да завршите се.

Лав
Денеска ќе дојдете до некои важни заклучоци и ќе се обидете да промените се што мислите дека е потребно. Лесно ќе отфрлите се што е неважно. Љубов – Можен конфликт со член на семејството, но обидете се да попуштите и проблемот побрзо ќе се реши, не се инаете. Работа – Соберете што е можно повеќе информации пред да започнете со работа.

Девица
Обидете се да не дозволите вашето расположение толку многу да зависи од другите луѓе. Меѓутоа, ако некој многу близок е постојано негативен и мрачен, обидете се да му помогнете. Љубов – Мора да му кажете на партнерот што ве мачи веќе некое време. Зборувајте отворено, не го задржувајте за себе, на двајцата ќе ви биде полесно. Работа – Многу е важно да се изгради доверба на работното место.

Вага
Нервозата поради тоа што не се слуша вашето мислење може да ескалира во вистинска мала војна со одредени луѓе. Љубов – Денес саканата личност пријатно ќе ве изненади. Кој не е во врска, можно е ново познанство. Работа – Ќе имате успех со потенцијалните соработници, само доколку сте целосно искрени.

Шкорпија
Денес не сте расположени да му служите на никого бидејќи се чини дека премногу се бара и очекува од вас. Љубов – Ќе бидете многу привлечни за спротивниот пол. Работа – На вашето работно место има луѓе кои прават да се чувствувате несигурно и инхибирани.

Стрелец
Работете на оптимизмот бидејќи вашиот песимизам може да влијае на вашето здравје. Слушајте ги советите на вашите пријатели бидејќи ќе ви помогнат и ќе бидете подобри. Љубов – Би сакале одмор и олеснување. Времето кое би го посветиле само на саканата личност. Работа – На секој предизвик ќе му пристапите со оптимизам.

Јарец
Напорот и истрајноста што ги покажавте можат да ви обезбедат многу подобра позиција во блиска иднина. Љубов – Врската со партнерот може да се олади поради само една ситница што ќе предизвика лавина од нерешени проблеми. Работа – Се двоумите помеѓу она што го сакате и она што е поисплатливо.

Водолија
Денес ќе ви биде многу тешко да се разберете со спротивниот пол. Одржувајте растојание. Љубов – Слободните нема да сакаат емотивно да се врзуваат. Работа – Кога правите некои работи, бидете многу концентрирани, може да се појави грешка и ќе имате проблем да ја поправите.

Риби
Ќе почнете да поправате некои ваши грешки од минатото и ќе се чувствувате добро поради тоа. Љубов – За оние кои се сингл, не се воздржувајте тврдоглаво, бидете поопуштени со луѓето кои сакаат да ви пријдат. Работа – Не размислувајте за туѓите пишувања, туку стремете се кон својата цел.

Share
Scroll to Top