Цеца Ражнатовиќ во едно интервју раскажала за периодот поминат во затвор во 2003 година кога беше уапсена во операцијата „Сабја“.
Пејачката во затвор помина четири месеци. Таа не сака да зборува за овој дел од нејзиното минато, но на социјалните мрежи се појави снимка, на која Цеца во една емисија зборува за деновите зад решетки.
„Колку и да беше тоа црно, јас раскажувам анегдоти од тој период, но секако не би му посакала на никого да заврши таму. Пеев, особено кога викендите беа во прашање, тоа изгледаше како да сте живи погребани во гроб, тоа е катастрофа, но јас ќе започнам да пеам и така побрзо поминуваше времето“, раскажала пејачката.