Потребни состојки:
За ќофтиња:
500 гр мелено месо
1 мал кромид
2 чешниња лук
сол и црн пипер
половина лажичка морско оревче
1 јајце
малку трошки од леб да се замесат ќофтињата за да бидат компактни
Сос:
масло за печење или путер
2 лажици брашно
300 – 500 мл говедска супа
200 мл павлака за готвење
1 лажичка сенф
1 лажица сос Вустершир
Начин на подготовка:
Исечете го кромитот, изгмечете го белиот лук и додадете го месото. Додадете јајце, сол, црн пипер, морско оревче, малку трошки од леб и замесете сè заедно. Обликувајте ќофтиња со влажни раце, па испржете ги да заруменат. Пропржете го брашното во маснотијата што остана од ќофтињата. Додајте ја супата и неутрална павлака. На крајот додајте сенф и сос од Вустершир. Прилагодете ја густината со додавање супа, во зависност од тоа дали ви се допаѓа поретко или погусто. Кога ќе го завршите сосот, додадете ги ќофтињата и динстајте уште 5 минути. Послужете ги топли.