Ѓоковиќ урна во Париз уште еден рекорд на Федерер

Ѓоковиќ урна во Париз уште еден рекорд на Федерер

пред 3 години

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ на турнирот во Париз сруши уште еден рекорд кој го држеше Швајцарецот Рожер Федерер. Со победата над Унгарецот Мартон Фучовиќ, тој стигна до 418 победа во кариерата, една повеќе од Федерер.

На оваа листа потоа следат Џими Конорс со 390 победи, Иван Лендл застана на 366, Пит Сампрас 322, а Рафаел Надал има „само“ 250.

Ѓоковиќ има можност да го подобри рекордот во третото коло во Париз, во кое ќе игра против победникот од францускиот дуел меѓу Гаел Монфис и Адриан Манарино.

Ѓоковиќ го држи рекордот и по бројот на недели на АТП врвот и сега се наоѓа во 345 недела, далеку пред Федерер со 35 повеќе.

Share
Scroll to Top