Џесика Алба одбила улоги во кои морала да се соблече гола, а бракот и бил во криза поради љубоморните испади на сопругот 

Џесика Алба одбила улоги во кои морала да се соблече гола, а бракот и бил во криза поради љубоморните испади на сопругот 

пред 10 месеци

Американската актерка Џесика Алба (42) во последните две децении се најде на листата на најсекси холивудски ѕвезди. И покрај ова, актерката никогаш не ја искористила својата убавина за успех во кариерата. Напротив, таа одбиваше улоги во кои ќе треба да се соблече пред камера или бараше да биде отстранета од сценариото за да може да се согласи на снимањето.

– Пораснав во многу конзервативно и традиционално семејство каде религијата одигра голема и важна улога. Тоа на многу начини ме одреди и ја обликуваше мојата личност, не сакам и не можам да одам против тоа – изјавила Алба во неколку наврати.

Убавата актерка во 2004 година се омажи за продуцентот Кеш Ворен (44), со кој се запозна на снимањето на научно-фантастичниот спектакл „Fantastic Four“.

Тие се венчаа во мај 2008 година во Беверли Хилс, на интимна церемонија на која присуствуваа само кумовите.

Заедно имаат три деца, ќерките Онор Мари (15) и Хевен Гарнер (12) и синот Хејс (6).

Иако изгледаат како хармоничен пар, нивниот брак е полн со предизвици. Алба ја мачеле љубоморните испади на нејзиниот сопруг, кој не можел да го поднесе тоа што не можел да ја контролира и постојано да ја следи.

Продуцентот неодамна го откри ова во разговор во подкастот „Whine Down with Jana Kramer“.

– Живеев во светот на шоу-бизнисот, но никогаш не бев во врска со таква ѕвезда каква што беше мојата сопруга. Каде и да се појавеше, се креваше лудило, луѓето ќе се вртеа кон неа, разговараа со неа, се чинеше дека сите сакаат нешто од неа… Во еден момент, не можев повеќе да издржам, бев завидлив и љубоморен, станав личност која не бев не можев ни да ја замислам и на крајот привремено се разделивме- раскажал Кеш.

Сепак, двојката се помири и сега нивната врска е многу подобра отколку што била.

– Сфатив дека не можам без неа, а Џесика ме чекаше, за што сум бескрајно благодарен. Со стручна помош најдов начин да се справам со своите негативни емоции и денес сум најголемиот фан на мојата сопруга, а нашиот брак никогаш не бил посилен – додал тој.

– Живееме, простуваме, забораваме – заклучил Кеш.

Share
Scroll to Top