Аки пред да почине се јавил кај пријател во Македонија и се договориле да го пречека на скопскиот аеродром

Аки пред да почине се јавил кај пријател во Македонија и се договориле да го пречека на скопскиот аеродром

пред 3 години

Аки Рахимовски вчера планирал патување во Македонија и посета на мајка си. Тој телефонски разговарал со пријателот Здравко Ситновски во Скопје и се договорил да го пречека на аеродромот во Македонија, пишува „Вечерњи.хр“.

Рахимовски неколку минути пред смртта му се јавил и на познатиот клавијатурист на некогашниот бенд Тајм, Тихомир Поп Асановиќ, со кој е во постојан контакт, но Асановиќ немал мобилен телефон со себе и дури подоцна видел пропуштен повик од пријателот. Тажната вест го стаписа  бидејќи, како што рече, имале бројни заеднички планови.

Рахимовски почина вечра на 67-годишна возраст во Словенија.

Почивај во мир мајсторе на емоции: Од Бајага до Северина, цел регион се простува од Аки

Неговиот менаџер изјави дека пејачот веднаш бил однесен во болница, но по неколку часа, починал, откако нагло му се влошило здравјето. Во 2018 година Аки претрпе мозочен удар, но откако поминаа неколку месеци, тој отворено зборуваше дека закрепнал од болеста и ги променил животните навики.

Рахимовски беше фронтмен на групата Парни Ваљак и дел од 18 студиски албуми на .бендот Засекогаш ќе остане запаметен по песните „Јесен у мени“, „Све још мирише на њу“, „Доџи“, „Моја је пјесма лагана“, „Ухвати Ритам“… Хитот „Јесен у мене“  го запеа и во дует со покојната музичка ѕвезда, Тоше Проески.

Share
Scroll to Top