Актерката Тони Колет се разведува по 20 години брак откако видела слики дека маж ѝ се бакнува со друга

Актерката Тони Колет се разведува по 20 години брак откако видела слики дека маж ѝ се бакнува со друга

пред 2 години





Актерката Тони Колет се разведува од сопругот Дејв Галафаси по речиси 20 години брак, откако во јавноста се појавија слики на кои тој се бакнува со друга жена. Сликите ги објави „Дејли меил“. По ова, двојката потврди дека ќе се разведе со заеднички пост на Инстаграм.

„Со милост и благодарност објавуваме дека се разведуваме. Ние сме обединети во нашата одлука и сè делиме со континуирано почитување и грижа еден за друг. Нашите деца се од огромно значење за нас и ние ќе продолжиме да напредуваме како семејство, иако со различна форма. Благодарни сме за просторот и љубовта што ни ги давате додека се развиваме и мирно се движиме низ оваа транзиција. Голема благодарност,” стои во заедничката изјава.

50-годишната актерка и 44-годишниот тапанар ги имаат ќерката Сејџ (14) и синот Арло (11).

 





Share
Scroll to Top