Албанскиот принц Лека стана татко

Албанскиот принц Лека стана татко

пред 4 години

Единствениот потомок на последниот крал на Албанија, Ахмед Зогу Први, принцот Лека, и неговата сопруга Елија станаа родители.

Принцот изјави дека е горд татко на девојче, на кое со сопругата ѝ го дале името Жералдина во знак на сеќавање на неговата баба, кралицата Жералдина.

Принцезата Жералдина се роди на истиот ден, 22 октомври, кога почина кралицата Жералдина во 2002 година.

„Нејзиното височество и бебето се добро“, е наведено во соопштението на кралското семејство.

За потсетување, Лека и Елија се венчаа во 2016 година, а на свеченоста присуствуваа повеќе од 20 претставници на кралски семејства од светот.

Ахмед Зогу Први бил прогласен за крал во 1928 година, а ја напуштил Албанија во 1939 година за време на инвазијата на италијанските фашистички трупи, една година по женењето со унгарската принцеза Жералдина Апоњи.

На членовите на албанското кралско семејство им било забрането да се движат на албанската територија до 1990 година, пет години по смртта на комунистичкиот диктатор Енвер Хоџа, во чие време на владеење наследниците на Зогу Први биле сметани за предавници на режимот.

 

Share
Scroll to Top