Албум на AББА постави рекорд од 1.000 недели на британската топ-листа

Албум на AББА постави рекорд од 1.000 недели на британската топ-листа

пред 3 години

Албумот „Голд“ на легендарните АББА, кој е компилацијата од нивните најголеми хитови, е прв албум во историјата кој останал 1.000 недели на британската топ-листа.

„Голд“ е објавен во 1992 година и вториот најпродаван албум во Велика Британија на сите времиња со 5,61 милион копии. Повеќе продадени примероци од него има албумот „Најголеми хитови“ на „Квин“.

Албумот на АББА помина 19 години и 12 недели на топ 100 листата. Низ годините, тој бил осум недели и на врвот на листата, а моментално се наоѓа на 17. место. Албумот е постојано во топ 100 од јули 2017 година.

Компилацијата беше составена девет години по распадот на АББА, откако повторно се врати интересот за нејзината музика, за што придонесе и миниалбумот на „Ирејжр“ со четири преработки од групата, кој одлично помина на топ-листите во САД и Европа.

Уште два албума наскоро ќе можат да го повторат историскиот успех на АББА: „Легенда“ на Боб Марли и „Вејлерс“ засега е 984 недели на листата, а „Најголеми хитови“ на „Квин“ е 952 недели.

Share
Scroll to Top