Ана де Армас за снимањето во новиот филм со Кијану Ривс: Целото тело ми е со модринки од него

Ана де Армас за снимањето во новиот филм со Кијану Ривс: Целото тело ми е со модринки од него

пред 2 години

Ана де Армас и Кијану Ривс заедно глумат во претстојното „спин-оф“ продолжение на „Џон Вик“ насловено „Балерина“, во Прага, а глумицата во емисијата „Вечерното шоу“, рече дека по снимањето целото тело ѝ било со модрици.

„Во Прага снимаме веќе четири месеци. Имаме уште месец дена работа тука, а целото тело ми е со модрици. Сè ме боли“, рече Армас, која глумеше и во филмот за Џејмс Бонд, па рече дека сцените со борба не ѝ се непознати.

„Во Бонд ме имаше околу 15 минути. Ова е цел филм и е сосема друго ниво. Некои денови вежбавме тешки каскадерски сцени, а тој без потешкотии се тркалаше, ме фрлаше и изведуваше луди акробации. Знам дека покрај него не можам да се жалам. Вистината е дека тој е најдобар во ова“, призна Армас.

За потсетување, Армас ја глуми балерината убиец Руни. Покрај неа во фолмот се и Ривс, Иан Мекшејн, Анџелика Хјустон, Норман Ридус, Каталина Сандрино Морено и Гавриел Бирн.

Share
Scroll to Top