Пејачот Аца Лукас денеска бил итно примен во Ургентниот центар во Белград. Неговиот менаџер Саша Мирковиќ рече дека пејачот останал да лежи во болница, каде што му биле направени детаљни испитувања. Го прегледал и гастроентеролог, но засега не се познати деталите од дијагнозата.
„Вистина е дека Аца Лукас заврши во болница. Само ќе ви кажам дека тој се префорсира претходните денови“, рече Мирковиќ.
За потсетување, Аца Лукас пред неколку дена се огласи за медиумите и рече дека ќе учествува на „Беовизија“ и дека верува оти тој е единствениот од сите кандидати што може да ја претставува Србија на Евросонг.