Српскиот актер Аљоша Вучковиќ, кој пред скоро две години ја напушти глумата, сега откри дека тоа го направил заради болест. Иако во медиумите од поодамна се пишуваше дека не е добар, Вучковиќ не сакаше да коментира во јавноста. Тој ни сега не откри од што е болен, но вели дека му треба мир, а дека глумата е премногу стресна за да прифаќа улог на 74 години.
„Болен сум и не се чувствувам добро. Тоа е една од причините зошто не настапувам. Мислам дека направив доволно. Сè уште можам да глумам ако сакам, но не сум ниту на возраст ниту во позиција да прифаќам улоги по секоја цена. Не ми треба тоа. Мислам дека не е ни премногу скромно, ниту арогантно што сега го барам својот мир“, рекол глумецот за медиумите.
Вучковиќ живее во Белград со сопругата Едита, со која има две ќерки, Леана и Сара. Тој е најпознат по улогата на доктор Лукиќ во серијата „Подобар живот“.






