Седумдесетгодишна Французинка, возела 60 километри во погрешен правец на автопатот пред да биде запрена од полицијата, пренесуваат медиумите.
Полицајците кои биле на мотори, ја запреле жената во петокот. За среќа таа била неповредена, пренесува дневниот весник Ouest France.
Полицијата морала да затвори дел од автопатот, но, пак им требало повеќе од еден час да ја запрат на делот A11 во западниот дел од земјата. До несреќа не дошло, а полицијата го истражува инцидентот.